Бруклин Пелц Бекам ја прослави четвртата годишнина од бракот со сопругата Никола Пелц Бекам.
Имено, тој сподели фотографија на својот Инстаграм со букети бели рози што ѝ ги подари на Никола за да ја одбележи нивната годишнина.
Меѓу цвеќињата имаше и картичка посветена на Никола, на која пишуваше: „Среќна 4-та годишнина, душо, те сакам од се срце. Поминавме низ толку многу заедно и денес сме посилни од кога било. Ти си мојот најдобар пријател.“
Бруклин сподели и фотографија од цвеќето што парот го доби од родителите на Никол, Нелсон Пелц и Клаудија Хефнер Пелц.
На честитката пишуваше: „Ви посакуваме прекрасна годишнина. Ве сакаме и ни недостигате. Едвај чекаме наскоро да се видиме. Со љубов, Нелсон, Клаудија и децата.“
Никола неодамна зборуваше за односот на нејзините родители со Бруклин во интервју за „Ел Еспања“, кое беше објавено минатиот месец, наведувајќи дека тие се однесуваат кон него како кон втор син.
Од друга страна, Бруклин има затегнат однос со своите родители, а претходно ги обвинуваше дека се обидуваат да ја саботираат врската меѓу него и Никол и дека шират многу лаги.
„Со години молчев и направив сè што можев за да ги задржам овие работи приватни. Моите родители и нивниот тим продолжија да даваат изјави за медиумите, оставајќи ми друг избор освен да проговорам за себе и да ја кажам вистината за некои од објавените лаги. Не сакам да се помирам со моето семејство. Тие ме контролираат, за прв пат во мојот живот се залагам за себе“, рече Бекам претходно.
The post Бруклин Бекам ја прославува четвртата годишнина од бракот со сопругата Никола: Денес сме посилни од кога било (фото) appeared first on Во Центар.



