Загина со другарот на Велигден! Родителите му купиле автомобил со 500 коњски сили, се удри со 140 км/ч. Требаше да наполни 21 година

Михаи неодамна доби автомобил вреден речиси 100.000 евра како подарок од неговите родители, кој под хаубата имаше мотор од најмалку 500 КС.

Давид и Михаи, 20-годишни млади мажи, загинаа на Велигден, откако со голема брзина излетаа од патот во кривина и се удриа во едно дрво, а потоа во друго! Трагедијата се случи на околу 40 километри од Букурешт, додека младите мажи се враќале дома од прославата на Велигден.

Според медиумските извештаи, Михаи неодамна добил автомобил вреден речиси 100.000 евра како подарок од неговите родители, кој имал мотор од најмалку 500 КС под хаубата.

Тие му го дале подарокот во пресрет на неговиот 21-ви роденден, кој требало да го прослави за две недели. За жал, истиот тој го одвел до смрт.

Судбоносната вечер, кратко по 22 часот, Михаи и неколку негови пријатели се упатија кон Букурешт. Давид седна со него за да ја види „новата машина“, додека другите момчиња седеа во друг автомобил. Некаде на половина пат, Михаи притисна на гаста и ги престигна со голема брзина. Потоа едноставно „исчезна“.

Другарите прво тргнаа по нив, но им беше чудно што не ги стигнаа. Се обидоа да ги повикаат, но тие не се јавуваа на мобилните телефони. Тогаш им стана јасно дека нешто не е во ред. Набрзо видоа ужасна сцена – дрво пресечено на половина во шумата покрај патот, а потоа згужвано возило заковано на друго дрво. Немаше бегство за Давид и Миха. Тие останаа мртви на самото место.

Предупредување: Видеото содржи вознемирувачки сцени

Се верува дека Михаи влегол во кривината со околу 140 км/ч. Токму оваа брзина останала „заглавена“ на цајгерот и ја виделе полицајците и лекарите кога успеале да ги извлечат двајцата мртви млади мажи од уништеното возило по три часа.

На местото на несреќата присуствувале и родителите на Давид, кои на местото на несреќата пристигнале во шок. Дваесетгодишниот Давид бил единствено дете, а неговите соседи го опишале како смирен и добар млад човек.

„Мајката е во шок, таткото е во шок. Тој беше примерно дете“, тажно велат соседите.

Михаи бил студент на Факултетот за физичко образование и спорт во Букурешт. На 20-годишна возраст, тој веќе имал страст за брзина. Луѓето што биле со него на прославата на Велигден истакнуваат дека тој не пиел, ниту пак некогаш користел дрога.

Се снимил себеси како вози со 300 км/ч пред да почине

Пред два дена, тој беше снимен на автопат додека возел со 300 км/ч. Автомобилот вреден 95.000 евра во кој го загуби животот беше подарок од неговите родители, добиен однапред за неговиот роденден за две недели.

Младиот човек, кој требаше да наполни 21 година, не ја пропушти можноста да се снима себеси како го тестира суперавтомобилот, возејќи се низ Букурешт со истата неодговорност што подоцна го чинеше живот.
The post Загина со другарот на Велигден! Родителите му купиле автомобил со 500 коњски сили, се удри со 140 км/ч. Требаше да наполни 21 година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: