Протекоа детали: Xiaomi воведува драстични промени во изгледот и функционалноста на телефонот

Се очекува Xiaomi да воведе помодерен и покохерентен дизајн, напуштајќи го претходниот изглед.

Според информации од кинески инсајдер, HyperOS 4 носи сериозен чекор напред во споредба со претходната верзија, со акцент на визуелниот идентитет и интеграцијата на палетата бои на Leica.

Една од клучните новини е примената на боите на Leica во целата естетика на системот, не само во камерата.

Исто така, основните апликации ќе бидат напишани во програмскиот јазик Rust, што ќе ги зголеми перформансите и безбедноста. HyperOS 4 би можел да дебитира со серијата Xiaomi 18 во третиот квартал од 2026 година, а бета тестирањето се очекува веќе во август.
The post Протекоа детали: Xiaomi воведува драстични промени во изгледот и функционалноста на телефонот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: