Шумахер 13 години по несреќата: Ќерката Џина за првпат ја открива вистината за животот во сенка на легендата на Формула 1

Поминаа повеќе од 13 години од денот што ја шокираше планетата – моментот кога легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доживеа сериозна несреќа на француските Алпи и заврши во кома во декември 2013 година. Седумкратниот шампион сега има 57 години, информациите за него сè уште се сведени на минимум, па дури и оние што се со него со години можат само да претпостават низ што минува еден од најголемите возачи на сите времиња.

Во сенка на една од најголемите спортски трагедии на модерното време, неговата ќерка Џина Шумахер (29) се отвори за првпат и проговори за сè низ што поминала.

Денес, Џина е име кое носи тежина во светот на коњичките спортови – таа е една од водечките светски јавачи во западното јавање, а минатата година дури и ја освои титулата светски шампион во возење коњи во Швајцарија.

Во емотивна исповед, таа откри колку спортот ѝ помогнал да ги преброди најтешките моменти во животот.

– Навистина се посветив на јавањето по несреќата на татко ми. Морав нешто да направам. Коњите отсекогаш ми биле важни, но оттогаш… Искрено, не можев да го направам тоа без нив. Ми помогнаа да пребродам сè – изјави емотивната Џина за документарецот „Коњска моќ – светот на Џина Шумахер“ во продукција на ZDF.

Нејзината мајка, Корина Шумахер, ѝ даде посебна тежина на целата приказна, откривајќи дека Мајкл одамна видел што ја чека нивната ќерка.

– Мајкл еднаш ми рече, кога Џина имаше 10 години, дека таа ќе биде многу подобра во јавањето од мене затоа што е себична. Тој веруваше дека спортистите, од една страна, мора да бидат себични. И дека таа е одлична во тоа. Денес гледам колку бил во право – рече Корина Шумахер.
The post Шумахер 13 години по несреќата: Ќерката Џина за првпат ја открива вистината за животот во сенка на легендата на Формула 1 appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: