Зоран Ристоски нов директор на МРТ

Нов директор на Македонската радио телевизија е Зоран Ристоски, соопшти Програмскиот совет на МРТ.
        За оваа функција конкурирале вкупно шест кандидати, а како што информира Програмскиот совет на МРТ, изборот бил направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвивало по принцип на анонимност – програмите беа доставени под шифра, без увид во идентитетот на кандидатите.
– По утврдувањето на најдобро оценетата програма, беше отворен ковертот со идентитетот на кандидатот, по што беше извршена проверка на исполнувањето на законските услови и комплетноста на доставената документација. Во таа насока, Програмскиот совет нагласува дека се темели исклучиво на квалитетот на понудената програма и исполнувањето на законските критериуми. Процесот беше целосно транспарентен и спроведен со почитување на сите законски и институционални стандарди, со цел да се обезбеди легитимен и кредибилен избор на раководната позиција во јавниот сервис, велат од Програмскиот совет на МРТ.
Утре треба да се бира заменик директор на МРТ.

Пронајдете не на следниве мрежи: