Синдикатот за градежништво (СГИП) бара итна и темелна истрага и преземање конкретни мерки за да не се трагедија како денешната во Кисела Вода каде загина еден работник, а тројца се повредени при ископ на зграда.
– Утрово немаше да имаме загинат работник доколку се почитуваше законот и доколку тие што треба да го контролираат спроведувањето на законите треба да се на терен пред да се случи несреќа, а не отпосле. Со просек од 20 несреќи со фатален крај и преку 200 повреди при работа годишно, Македонија за жал особено во секторот градежништво е убиец број еден во Европа, велат од Синдикатот за градежништво.
Синдикатот посочува дека небезбедните услови при работа, ниските плати и прекувремената работа допринесуваат да имаме заморени работници кои поради егзистенцијални потреби се приморани да работат во ризик.
– Нашата пракса покажала дека во ваков случај одговорноста треба да се бара кај главниот изведувач, надзорниот орган и Државниот инспекторат за труд.
Како Синдикат бараме итна и темелна истрага, утврдување одговорност и преземање конкретни мерки за да не се повтори ваква трагедија. Бараме редовни инспекциски контроли и спроведување на стандардите за БЗР, нагласува Синдикатот за градежништво.


