Се скарале во угостителски објект па се степале и повредиле

Вербална расправија во угостителски објект во Скопје прераснала во физичка пресметка при што едно лице се здобило со повреди од нож во градниот кош, грбот и стомакот.
Инцидентот се случил на 23 април по полноќ во угостителски објект на улицата „50 Дивизија“ кога се скарале 25-годишник со иницијали А. Ч. и лицето со иницијали А. Ѓ. по што расправијата прераснала во тепачка. Повредениот А.Ѓ. го нападнал А.Ч. по што овој извадил нож и го повредил.
Повредениот по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување, на осомничениот му е изречена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: