Најголем дел од починатите во Пулс починале од труење со јаглероден моноксид

Најголем дел од починатите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани починале од трѕење од јаглероден моноксид, покажуваат обдукциските наоди што денеска беа презентирани во рамки на судскиот процес.
Според наодите, околу 50 лица починале од ова труење, а дел починале како последица од притисок врз градниот кош, недостиг на кислород и тешки изгореници. Само кај едно починато лице причина за смртта е изгореници од трет степен.

Родителите на загинатите во изјава за медиумите реагираа на изјавата на бранителката на обвинетите во која тврди дека кај пчочинатите имало присуство на алкохол и дрога.
– До овој момент вакви податоци не ни се доставени нам, како оштетени, ниту со презентирани како официјален доказ во постапката. Сметаме дека изнесувањето на вакви тврдења без јасни и проверени докази претставува сериозно и недозволиво обвинување, изјавија родителите.
The post Најголем дел од починатите во Пулс починале од труење со јаглероден моноксид appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: