Момче на возраст од 22 години денеска е уапсено под сомнение дека убило 89-годишен маж во Нов Белград, соопшти српското Министерство за внатрешни работи, јавуваат српските медиуми.
Во соопштението се додава дека осомничениот Л. Ч. околу 12 часот на улицата „Јуриј Гагарин“ му нанел неколку удари со чекан по главата на 89-годишниот маж, кој починал од повредите.
Телото на убиениот маж било пронајдено пред гаража на улицата.
Осомничениот потоа тргнал кон трговски центар каде полицијата го уапсила.



