Ружин: Пред две години бевме поблиску до ЕУ

За да ги протолкуваме тоновите на известителот на Македонија, Томас Вајц и премиерот Христијан Мицкоски, екс-амбасадорот и дипломат од кариера, Нано Ружин смета дека треба да тргнеме од пошироката слика и да видиме што се случува со проширувањето на ЕУ. Како што потсетува, уште во 2022 година, видовме дека источните партнери како Украина, Молдавија и делумно Грузија добија кандидатски статус и тогаш веќе се најавуваше дека ќе влезат во ЕУ во 2027 година.

Екс-амбасадорот во НАТО оценува дека нашите политичари треба да научат дека кога се на власт, треба да носат тешки одлуки, со кои јавното мислење не се согласува, а доколку секогаш одат мирно и согласно тоа што размислува јавното мислење и го подигнуваат тоа мислење, тоа се вика популизам.

-Треба да се преземат сериозни мерки од Владата доколку има амбиции и совест за државата да зачекори кон ЕУ. Македонија беше многу поблиску до ЕУ пред две години – колку толку ги исполнуваше тие критериуми од Копехаген и се уште тогаш, пред четири години. Кај нас, направивме многу храбри чекори, што, за жал, популизмот, ги изедначува со предавство на идентитет. Едноставно, немам зборови што да кажам. Мислам дека се плашам дали нашата политичка елита е доволно созреана да прави и влече вистински потези или се уште и натаму ќе бидеме тврдоглави и тврдокорни и ќе тапкаме во место, заклучува, меѓу другото, Ружин.

Пронајдете не на следниве мрежи: