Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна сеница на Собранието.
Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците потенцираше дека преодната, односно техничката влада за спроведување на избори на пратеници во Собранието, воспоставена како законски модел односно привремено решение во услови на изразена политичка и институционална криза, имаше за цел обезбедување консензус за организирање и спроведување на изборни процеси. Ваквиот модел, како што рече, произлезе од политичките договори постигнати во 2015 година и првпат беше применет при подготовката и одржувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и во наредните изборни циклуси.
Заменик-министерот појасни дека предложеното законско решение со одложната примена, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.
На овој начин, како што посочи, се обезбедува спроведување на фер, слободни транспарентни избори преку институциите основани во согласност со Уставот и законите, се зајакнува институционалната стабилност и се овозможува целосна реализација на демократскиот легитимитет на Владата како носител на извршната власт. Потенцира дека во јавен интерес на граѓаните и државата се предвидува рационално, одговорно и транспарентно користење на јавните финансии.
Пратениците на денешната седница ќе дискутираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, сите по скратена постапка.
The post Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



