Работнички протест денеска во Скопје, Трендафилов со порака: „Трудот мора соодветно да се плати“

Сојузот на синдикати на Македонија денеска, на 1 Мај, излегува на  работнички протест во Скопје. Протестот полнува од  пред Работничкиот дом и ќе се движи по улиците „11-ти Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“ и булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, со завршница пред Владата.
Протестот ќе започне во 11 часот со собир пред Работничкиот дом.
Организатор е Сојуз на синдикати на Македонија, од каде информираат дека ова е осми по ред првомајски протест. Под мотото „За плата се бориме – не се молиме!“, се бара зголемување на платите и унапредување на работничките права, со повик за солидарност и обединетост.
Според најавите од Министерство за внатрешни работи, за време на протестниот марш во центарот на градот ќе важи посебен сообраќаен режим.
Со отворено писмо по Повод денот на трудот се огласи и претседателот на Сојузот на синдикати во Македонија, Слободан Трендафилов, кој истакна дека трудот мора соодветно да се плати и почитува.
Тој се осврна и на балансот помеѓу работата, семејниот живот и времето за одмор.
Трите осмици, 8 часа работа, 8 часа рекреација и време со семејството и 8 часа одмор се една од најголемите придобивки за кои се избориле работниците и тоа во далечната 1886 година во Чикаго, кога работниците протестирале за намалување на работното време од 12 часовен работен ден, на 8 часовен работен ден, истакна Трендафилов.

За плата се бориме – не се молиме, ССМ на протест за 1 Мај

The post Работнички протест денеска во Скопје, Трендафилов со порака: „Трудот мора соодветно да се плати“ appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: