Во пресрет на истекот на 60-дневниот рок дозволен со американскиот Устав за претседателот на САД, американскиот Сенат го отфрли шестиот предлог на демократите за ограничување на овластувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за водење војна во Иран.
Процедурното гласање за иницирање на резолуција за воени овластувања, поднесена од демократскиот сенатор од Калифорнија, Адам Шиф, заврши денес со неуспех на предлагачот, со 47 наспроти 50 гласови, објави Си-Би-Си.
Доколку оваа мерка беше усвоена, тоа ќе го принудеше американскиот претседател да ги повлече американските сили од конфликтот со Иран .
Резолуцијата за воени овластувања од 1973 година предвидува дека претседателот на САД мора да ја повлече американската војска од каков било вооружен конфликт по 60 дена доколку Конгресот не одобри војна .
Рокот од 60 дена започнува кога претседателот ќе испрати формално известување до Конгресот, а на 2 март, Трамп ги извести американските пратеници во писмо за непријателствата со Иран, што значи дека рокот од 60 дена истекува во петок, на 1 мај.
Американскиот претседател може да го продолжи тој рок за уште 30 дена за да се овозможи повлекување на трупите, според Си-Би-Си.
The post За Трамп нема ограничувања appeared first on Во Центар.



