Планинарски марш на Водно по повод Денот на европското знаме

Европското движење во Северна Македонија денеска го организира традиционалниот планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето во рамки на чествувањето на Денот на Европа.
Тргнувањето е во канцеларијата на Делегацијата на Европската унија во Скопје каде се одвива и симболичната размена на македонското и европското знаме. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат планинари, активисти на Европското движење, студенти и граѓани.
Искачувањето на Водно е симболичен чин на соработка меѓу Делегацијата на Европската Унија и Европското движење во Република Северна Македонија што ја отсликува заедничката определба за напредок, остварување заеднички цели и градење пријателства.
The post Планинарски марш на Водно по повод Денот на европското знаме appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: