Голем пожар избувна на скопската обиколница во близина на Визбегиво, додека од некои делови на Скопје е видлив црн чад.
Според првичните информации, причините за пожарот сè уште не се познати, ниту што точно било зафатено од пожарот, но на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека станува збор за дива депонија во Шуто Оризари.
Очевидци јавуваат дека чадот се шири брзо, што укажува на посериозен пожар, додека се чека интервенција на надлежните служби и повеќе информации за состојбата на терен.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи во Скопјe, добиени во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема ризик од негово ширење, бидејќи парцелата е опкружена со ѕидови.
The post Пожар во Скопје, гори депонијата во Шуто Оризари appeared first on Во Центар.



