Емотивна исповед на највисокиот човек на светот: „Се разведовме, среќата не траеше долго“

Султан Кесен (43), највисокиот човек на светот, висок 251 см, отворено и емотивно зборуваше за својот болен развод од сопругата Мерва Дибо по осум години брак во новиот документарец на Канал 4.

Кесен, кој го држи Гинисовиот рекорд за највисок жив човек од 2009 година , се ожени со Сиријката Мерве во 2013 година на голема свадба со 1.500 гости. Тогаш беше пресреќен.

„Кога ја погледнав во очи, знаев дека е љубов. Ја сакав многу. Тоа беше мојот најголем сон – да ја пронајдам мојата животна партнерка и да основам семејство“, рече тој во документарецот „Највисокиот човек на светот: Следното поглавје“.

Сепак, само неколку месеци по свадбата, почнаа да кружат гласини за брачни проблеми. Двојката потоа ги негираше, а Мерве изјави:

„Нема вистина во тие гласини. Сакам да останам со него до крајот на животот. Јас сум најсреќната жена на светот.“ Сепак, бракот не траеше долго. Тие се разведоа во 2021 година.

Во документарецот, Султан не ја криеше својата тага:

View this post on Instagram A post shared by Guinness World Records (@guinnessworldrecords)

„Не можевме да продолжиме. Мојата сопруга го избра своето семејство. Се разведовме, среќата не траеше долго.“

Секогаш кога ќе ги погледне фотографиите од свадбата, станува многу тажен.

„Кога ќе ми текнат, многу сум тажна. Многу ме повреди бидејќи многу ја сакав. Кога ги гледам тие фотографии, емоционално се распаѓам. Многу ми е жал.“

Султан страда од гигантизам и акромегалија, предизвикани од тумор на хипофизата, што влијаело на неговиот извонреден раст. Како резултат на тоа, тој има постојана болка во колената, користи патерици или инвалидска количка и имал повеќе операции на нозете и мозокот.

„Да можев да променам нешто во мојот живот, би ги променил само колената. Би сакал да трчам, да одам и да патувам повеќе“, рече тој.

Неговиот брат Хасан додаде во документарецот:

„Султан би можел да биде посреќен. Тој најчесто го поминува слободното време на компјутер. Ако најдеше девојка, неговиот живот би бил поцелосен.“

Кога го прашале дали ќе најде нова љубов, Султан се пошегувал:

„Многу сум грда. Да бев убав, веќе ќе најдев некого.“

И покрај сè, тој вели дека новата партнерка би го направила „најсреќниот човек на светот“, но не е сигурен дали тоа некогаш ќе се случи.

Документарецот ги прикажува не само неговите секојдневни животни и здравствени предизвици, туку и длабоката човечка страна на човекот кој стана познат низ целиот свет поради својата висина, но сè уште бара среќа и семејство, пишува „Мирор“.

The post Емотивна исповед на највисокиот човек на светот: „Се разведовме, среќата не траеше долго“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: