Каква љубов, каков тип: Неговата изјава за сопругата го сруши интернетот 

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем имаат љубовна приказна која трае со децении, а за многумина нивната љубов е синоним за љубовта за која жените сонуваат.

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем важат за еден од најхармоничните и најомилени познати парови , а се во брак од 2010 година и имаат две деца. Иако двајцата се големи холивудски ѕвезди, тие се обидуваат да го задржат приватниот живот за себе.

Затоа се забележуваат и нивните изјави за приватни работи, особено кога познатиот Хавиер, кој важи за голем заводник, ѝ испраќа убави зборови на својата сопруга . И не е ни чудо што неговите изјави ги преплавија социјалните мрежи…

Бардем со големо восхитување зборуваше за својата сопруга во интервју за списанието „Варајети“, а многу дами посакуваа токму таков маж и сопруг покрај себе.

„Кога ја гледам фотографирана во некои списанија, си мислам: „Дали е тоа мојата сопруга? Боже, дали е тоа таа? Мора да е!“ – зборуваше тој искрено.

„ Таа е жена со која сум благословен што имав можност да бидам во исто време и на исто место во мојот живот “, рече познатиот актер, нагласувајќи ја важноста на меѓусебното почитување и восхитување во бракот.

„Важно е да го почитувате и поддржувате вашиот партнер, но и да му се восхитувате на таа личност за тоа што е и што прави. Пенелопе е неверојатно, убаво, добро човечко суштество – начинот на кој се однесува кон своето семејство, пријателите, нашите деца, мене, себеси. Поминаа многу години, а не видов ни трошка зло во неа“, рече Бардем, буквално воодушевувајќи милиони. 

Овие негови зборови брзо станаа вирални, а корисниците на социјалните мрежи не го кријат својот ентузијазам. 

„Нека ме удри оваа љубов како камион“, „Вистински господин“, „Обожавам сопруг кој е и најголем обожавател на својата сопруга“, се само дел од коментарите.

Сепак, најголемо внимание предизвика реченицата дека тој не гледа „ни јота зло“ кај својата сопруга , што ги налути многумина и ги допре до срж. 

„Овој дел е навистина импресивен за мене. Тоа е потсетник дека можеме да бидеме што сакаме. Не мислам дека тоа значи дека таа никогаш не е лута или фрустрирана, но убаво е што дури и да е, тој не ја гледа како злонамерна личност. Каков тип! “, напиша еден корисник. 

И социјалните мрежи се согласуваат за едно: „Внимание! Вака треба да се однесувате кон вашата партнерка и да зборувате за неа .  “

@pugliashaya Penelope Cruz & Javier Bardem having the time of their life at the Bad Bunny concert is all I’m looking for #badbunny #puertorico #latina #penelopecruz #relationshipgoals ♬ NUEVAYoL – Bad Bunny
The post Каква љубов, каков тип: Неговата изјава за сопругата го сруши интернетот  appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: