Пресврт: Трамп најави преговори

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Куба бара помош и дека ќе има разговори.

„Ниту еден републиканец никогаш не ми зборувал за Куба , која е пропадната земја и оди само во еден правец – надолу. Куба бара помош и ќе разговараме. Во меѓувреме, одам во Кина“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесува Ројтерс.

Подоцна тој повтори пред новинарите во Белата куќа дека за Куба ќе  се разговара во соодветно време, додавајќи дека таа е пропадната држава.

Кога беа прашани за можни преговори, претставниците на Белата куќа не дадоа дополнителни детали, но изјавија дека Куба ќе падне на краток рок и дека САД ќе бидат подготвени да помогнат.

Кина, пред посетата на Трамп  на Пекинг и средбата со претседателот Си Џинпинг, ги повика САД да го укинат ембаргото и санкциите врз Куба.

Трамп претходно воведе нови финансиски санкции против Куба , ги прошири постојните мерки, воведе блокада на испораките на гориво, ги ограничи патувањата и дознаките од САД и се обиде да ги одврати регионалните сојузници од соработка со кубанските медицински мисии.

Трамп претходно изјави дека Куба е следна, откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во јануари.
The post Пресврт: Трамп најави преговори appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: