СДСМ: Зошто Мицкоски и Филков не ги испраќаат документите за екстрадиција на Груевски?

Од СДСМ ја прашуваат Владата дали ги испратиле документите за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.

Од СДСМ велат дека ниту Христијан Мицкоски, ниту министерот за правда Игор Филков немаат храброст да дадат јасен одговор.

„Тишина. Тишина. Криење од јавноста. Се однесуваат како ова да не е нивна работа, како да не знаат што се случува, како да немаат никаква одговорност. Зошто Мицкоски и Филков не ги испраќаат документите? Вистината е многу едноставна, тие намерно го штитат Никола Груевски.“

„Груевски не е само бегалец од правдата. Тој е симбол на режимот на ВМРО, криминалот и корупцијата. Токму затоа Мицкоски избегнува одговор. Бидејќи знае дека ако падне Груевски, ќе падне и митот врз кој ВМРО-ДПМНЕ со години градеше лажен патриотизам и лажна чесност.“

„Ова е организирана криминална група, ништо повеќе. Македонија не треба да биде земја каде што владата ги штити осудените криминалци. Мора да има правда. Мора да има одговорност. Груевски мора да се соочи со правдата“, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Зошто Мицкоски и Филков не ги испраќаат документите за екстрадиција на Груевски? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: