150-годишнината од Разловечкото востание беше одбележана денес со свечена церемонија во селото Разловец, општина Делчево. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој во својот говор пренесе пораки за единство и почит кон жртвата на востаниците.
„Да ја зачуваме и изградиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека е вечна споменот на хероите од Разловечкото востание. Нека биде нивната жртва наша заклетва. Нека е вечна Македонија“, рече Мицкоски во својот говор по повод 150-годишнината од востанието во село Разловец, општина Делчево.
Тој повика на единство околу државните и националните интереси, нагласувајќи дека ниедна политичка разлика не треба да биде поголема од татковината и ниедна лична амбиција не треба да биде поважна од иднината на децата.
Тој нагласи дека Разловечкото востание претставува темел на народната борба за слобода и будење на националната свест.
The post Мицкоски: Да ја зачуваме и изградиме државата, да не дозволиме никој да ја понижува appeared first on Во Центар.



