четврток, 12 ноември 2026
Најново

Франција гори! Срушени рекорди за температура: Доаѓа пекол, се очекуваат дури 37 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бројни температурни рекорди за месец мај беа срушени денес во неколку градови во Франција , со оглед на тоа што земјата беше зафатена од топлотен бран.

Ова е, меѓу другото, случајот во Ла Рошел во департманот Шарант-Морит, на југозапад од Франција, каде што се измерени 32,8 степени Целзиусови, јавува телевизијата BFM.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претходниот рекорд за мај беше забележан во 2002 година, кога беа измерени 32,5 степени Целзиусови.

На неколку километри оддалеченост, во градот Шато д’Олерон, температурата денес достигна 32,4 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот рекорд од 32,1 степени Целзиусови поставен во 2025 година.

Посеверно, во Вандеја, во Периер, беше исто така многу топло, со 31,9 степени Целзиусови.

Последниот мајски рекорд од 31 степен Целзиусов беше забележан во 2022 година.

Рекорди беа срушени и во департманот Кот-д’Армор, на северозападниот дел од Франција, додека во Сен-Бриек беше израмнет само мајскиот температурен рекорд, со 29 степени Целзиусови.

Во департманот Манш, исто така во Нормандија, во градот Брикибек, температурата го надмина претходниот рекорд од 2005 година за 0,2 степени, достигнувајќи 29,2 степени Целзиусови.

Генерално, денес низ цела Франција беа забележани многу високи температури.

Поврзани вести