Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста следната година во април да бидат организирани предвремени парламентарни избори.
– Ништо не е исклучено, рече Мицкоски на денешниот брифинг со медиумите.
Според власта, досегашните истражувања за рејтингот на партиите покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, кое како што беше кажано, изнесува околу 25,5 проценти за разлика од СДСМ која има 8,6 проценти.
Мицкоски останува на ставот дека во втората половина од овој месец ќе биде направена реконструкцијата на Владата.
The post Ништо не е исклучено, вели Мицкоски за можноста за предвремени избори во 2027 appeared first on Provereno.



