Трошоците за живот се зголемија за 4,8%, храната и превозот најмногу ги погодуваат буџетите на граѓаните

Трошоците за живот во мај годинава, во споредба со мај минатата година, бележат зголемување од 4,8%, а цените се зголемија малку за 5,6%.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за живот во мај во споредба со април годинава изнесуваше 0,6%.

Во мај 2026 година, во споредба со април 2026 година, зголемување на трошоците за живот е забележано во следните групи: Транспорт за 1,6%, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалоци за 1,0%, Рекреација, спорт и култура за 0,9%, Информации и комуникации за 0,7%, Ресторани и услуги за сместување за 0,5%, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,1%.

Во мај 2026 година, во споредба со април 2026 година, намалување на трошоците за живот е забележано во групите Лична нега, социјална заштита и разни стоки и услуги за 0,4% и Апарати за домаќинство, покуќнина и редовно одржување на домаќинството за 0,1%.Трошоците за живот во групите Образовни услуги, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалоци, тутун и наркотици останаа на исто ниво како и во претходниот месец.

Малопродажните цени во мај годинава во споредба со април се зголемија за 0,8%.
The post Трошоците за живот се зголемија за 4,8%, храната и превозот најмногу ги погодуваат буџетите на граѓаните appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: