Премиерот Христијан Мицкоски, кој во Турција учествува на бизнис форум, во изјава за медиумите рече дека има голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија.
– Она што ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување на странски директни инвестиции. Така што веќе првиот дел од овој настан заврши, очекувам многу успешни состаноци и да бидат испратени силни пораки, изјави Мицкоски.
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски со порака дека одличните политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестиции.
– Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка, поголема трговска размена, повеќе инвестиции и поконкретни можности за компаниите и граѓаните на двете земји, истакна Муцунски.
The post Турските бизнисмени заинтересирани за инвестирање, политичките односи да се преточат во посилна економска соработка appeared first on Provereno.



