Денеска започна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.
Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, со посебна најава преку корисничките сметки на schools.mk. По електронската пријава, учениците ќе треба да ја достават потребната документација во средните училишта во кои конкурираат.
Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јуни се предвидени две електронски пријавувања. Првото трае од 12 јуни од 00:00 часот до 15 јуни до 23:59 часот, додека второто пријавување е закажано за 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување, на 20 август.
Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се за стручно образование, речиси 6.000 за гимназиско образование и 570 места во уметничките училишта.
The post Почна пријавувањето за упис во средните училишта – Над 25.000 слободни места appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



