Битолчанец на 36 години сексуално злоупотребувал 12 годишно девојче во повеќе наврати во периодот од јануари до јуни. Осомничен е за силување на дете кое не наполнило 15 години и за прикажување на понографски материјал на дете.
– Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопшти попладнево Обвинителството.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и други сведоци, јавен обвинител бара притвор за осомничениот.
The post Битолчанец сексуално злоупотребувал 12-годишно девојче appeared first on Provereno.



