Повредени осум лица, меѓу нив четири деца: Тешка сообраќајка меѓу Љуботен и Радишани

Осум лица, меѓу кои и четири малолетници, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани во скопско.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 15:30 часот било пријавено дека се судриле патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.М. (35) од село Љуботен и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Љ. (20), исто така од Љуботен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачката на „мерцедесот“ Ф.М., нејзината сопатничка Б.И. и возачот на „голфот“ А.Љ.

Со телесни повреди се здобиле четири малолетници на возраст од 12 до 15 години кои биле во возилото „мерцедес“, како и 50-годишната сопатничка С.Љ. од село Љубин, која се превезувала во „голфот“.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: