Google ги тужи кинеските хакери кои го користеле Gemini за да измамат луѓе

„Гугл“ поднесе тужба против кинеска мрежа за сајбер криминал која ја користела нејзината вештачка интелигенција „Џемини“ за да изврши масовни онлајн измами.

Технолошкиот гигант ги здружи силите со Федералното биро за истраги (ФБИ) и водечките американски телекомуникациски оператори за да се справи со оваа криминална операција, а воедно повика на промена на законот за да се олесни справувањето со нападите со вештачка интелигенција.

Генералниот советник на „Гугл“, Делејн Прадо, изјави дека оваа прва координирана тужба е доказ за огромниот обем и влијанието што оваа конкретна измама го имала врз граѓаните.

Илјадници лажни веб-страници

Гугл ја обвинува кинеската организација наречена „Аутсајдер Ентерпрајз“ за злоупотреба на нивната технологија и бренд за извршување кривични дела и бара итна судска забрана против мрежата.

Групата наводно го користела Gemini за да креира лажни веб-страници кои тесно ги имитирале Google, YouTube и владини институции како што се Поштата на САД и системот за наплата на патарини во Њујорк.

Засега, компанијата не откри какви внатрешни мерки презела во самиот систем „Џемини“ за да спречи вакви злоупотреби во иднина.

Според податоците од истрагата, измамата погодила стотици илјади жртви, додека вкупните финансиски загуби се проценуваат на неколку милиони долари.

Криминалната група успеала да создаде околу 9.000 лажни веб-страници и дури еден милион лажни линкови. За само две недели, тие испратиле 55.000 спам СМС-пораки што биле откриени од корисници на Андроид телефони, како и дополнителни два и пол милиони пораки со линкови до лажни страници.
The post Google ги тужи кинеските хакери кои го користеле Gemini за да измамат луѓе appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: