На луѓето им е преку глава од избори бидејќи гледаме дека од изборен цисклус во изборен циклус ништо не се менува, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова околу можноста за предвремени парламентарни избори следната година.
Според неа, неблагодарно е да се зборува за избори кога владејачката коалиција има двотретинско мнозинство во Собранието.
– Сакам само да упатам една порака до граѓаните дека ако платата не им стигнува до крајот на месецот, ако пензиите не им стигнуваат до крајот на месецот, банките уште ги „шурат“ со провизии, да знаат дека новите избори значат повторно трошење пари од нивниот џеб и повторно значат помалку пари во државата, а ќе ги организира некој директор кој имал можност да спроведува решенија и одлуки, меѓутоа бара повторно поддршка за нови избори за само две години затоа што досега ги потрошил годините да објаснува како претходно некој бил крив за нешто, изјави Зајкова во интервју за телевизија Сител.
Не ја исклучи можноста да ја напуштат работата за Изборниот законик доколку разговорите продолжат само во насока колку пари ќе добијат големите партии.
The post Зајкова: На луѓето им е преку глава од избори appeared first on Provereno.



