Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека договорот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп со Иран не го обврзува Израел и дека неговата земја не е страна во договорот. „Договорот на Трамп не нè обврзува.
Израел не е подреден на Соединетите Американски Држави. Ние сме независна и суверена држава“, рече Бен Гвир во соопштението.
Тој додаде дека „Израел не е партнер во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност“.
„Не смееме да се повлечеме од ниедна територија (во Либан) што нашите борци ја зазедоа“, рече израелскиот министер.



