Коментирајќи го палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје, премиерот на Бугарија ги обвини властите на Македонија дека всадуваат говор на омраза, покажуваат нетолеранција и ја користат историјата како алатка во меѓународните односи.
Северна Македонија мора да ја убеди Европската Унија дека ги почитува човековите права и дека може да им ја гарантира безбедноста на сите дипломатски мисии на нејзина територија. Додека нема јасно утврдени принципи на владеење на правото, додека нема последици за сторителите на вакви недостојни дела, не може да има напредок – изјави денеска премиерот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи го палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје.
РАдев се надмина себе си сега од позиција на премиер далеку поостар на вели:
„Властите во Скопје всадуваат говор на омраза, покажуваат нетолеранција и ја користат историјата како алатка во меѓународните односи. Инсистиравме на вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија токму заради заштита на нивните права и успеавме да ги убедиме сите европски лидери да го сфатат проблемот со почитувањето на човековите права, по што го поставивме најферското нешто во преговарачката рамка – вклучување на Бугарите во Уставот и спроведување на договорите, особено според Вториот протокол“.
Тој очигледно е дека се разотрива дека всушност тој ја бутка приказната за вето и блокада на евроинтеграциите на Македонија.
Премиерот на Бугарија оцени дека во последните години постои колебање во ставовите на дел од европските лидери по однос на оваа тема и дека сега Софија мора повторно да вложи напори за да ги убеди оти консензусот постигнат во 2022 година мора да биде испочитуван.
На прашањето дали однесувањето на властите во земјава укажува на желба за членство во ЕУ, тој рече:
„Не. Политичкото раководство на Северна Македонија тврдоглаво оди спротивно на интересот на граѓаните за побрза европска интеграција и прави сè што е можно за да го оддалечи членството на нивната земја од ЕУ.“
На крајот тој заклучува ,категоричен е Радев дека во овој момент не гледа потреба за средба со премиерот Христијан Мицкоски.
„Немаме што повеќе да му кажеме на премиерот на Северна Македонија. Тој мора да им објасни на Европската Унија и на Европската комисија како конечно ќе ги исполнат критериумите за членство“,порача Радев сега од позиција на бугарски премиер.
The post Радев се разоткрива. Тој не гледал причина за средба со македонскиот премиер Мицковски(ДПЛ) appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



