Во сообраќајка меѓу комбе и камион на магистралниот пат Свети Николе – Куманово синоќа се повредени 10 лица.
Дел од нив се пренесени во Клиничката болница во Штип, а дел во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје.
Од Територијалната противпожарна бригада на Свети Николе информираа дека околу 21 часот интервенирале во спасување и извлекување на повредените.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи кое работи на утврдување на причините до кои дошло до несреќата.
The post Десет патници повредени во сообраќајка на патот Свети Николе – Куманово appeared first on Provereno.



