Иранската делегација ја напушти денешната рунда преговори со Соединетите Американски Држави во Швајцарија, во знак на протест против заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, додека продолжувањето на разговорите е доведено во прашање, објави агенцијата Тасним, повикувајќи се на извор близок до иранскиот преговарачки тим.
Според тој извор, заканите на Трамп ги завршиле разговорите во Швајцарија и го оставиле нивниот понатамошен тек неизвесен.
Иранската државна телевизија пренесе изјава од член на преговарачкиот тим дека за време на денешните разговори биле разгледани начини за завршување на конфликтот на сите фронтови, вклучително и на Либан, со став дека Иран нема да преговара за други теми сè додека, како што е наведено, не заврши војната во Либан, објави Ал Џезира.
Американскиот претседател претходно се закани дека Соединетите Американски Држави би можеле да продолжат со воените операции против Иран, предупредувајќи го Техеран да ги заузда своите сојузници во Либан или да се соочи, како што изјави, со „повторени и посилни напади“ .
Овие закани беа упатени во време кога иранската и американската делегација учествуваа во преговорите со посредство на Пакистан и Катар, во одморалиштето Биргеншток во Швајцарија.
Претходно, иранската делегација упати директен протест до американската страна поради најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп за можни воени напади и во моментов разгледува понатамошни чекори, објави Иран Прес ТВ, повикувајќи се на извор близок до преговорите.
Изворот навел дека иранската страна „искажала свои забелешки до американската делегација“ и во моментов ги проценува околностите со цел да даде „соодветен одговор на вербалните закани на Трамп“.
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мухамед Багер Калибаф, исто така, се огласи и ги предупреди САД да бидат внимателни во своите изјави, велејќи дека иранските вооружени сили се подготвени да одговорат на секоја закана.
Калибаф изјави дека иранската страна „не им придава важност на американските закани“ и дека, како што процени, доколку тие имале ефект, САД „немало да бидат во состојбата во која се денес“, пренесува Ал Џезира.
„Американците подобро да бидат внимателни во своите изјави, нашите вооружени сили се подготвени да одговорат на поинаков начин“, рече Калибаф.
Американскиот претседател претходно се закани дека САД би можеле да продолжат со воените операции против Иран, предупредувајќи го Техеран да ги заузда своите сојузници во Либан или да се соочи со она што тој го нарече „повторени и посилни напади“.
Овие закани беа упатени во време кога иранската и американската делегација учествуваа во преговорите со посредство на Пакистан и Катар, во одморалиштето Биргеншток во Швајцарија.
The post ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА!? Иранската делегација ги напушти преговорите поради заканите на Трамп appeared first on Во Центар.



