Учениците кои не се запишаа во средно училиште во првото пријавување за учебната 2026-2027 година, ќе можат повторно да аплицираат оваа недела. Министерството за образование и наука соопшти дека второто пријавување во јунскиот рок ќе се спроведе електронски во вторник, на 23 јуни.
По завршувањето на електронската апликација, кандидатите ќе треба на 24 јуни да ја достават потребната документација во училиштата. Ранг-листите со резултатите од уписот ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, во училиштата и на нивните e-страници. Ако во одредени училишта има кандидати со ист број бодови, квалификациското тестирање ќе се одржи на 29 јуни, кога ќе бидат објавени и конечните ранг-листи.
За второто пријавување има вкупно 11.882 слободни места. Од нив, 7.404 се за настава на македонски јазик, 4.002 за настава на албански, 456 за турски и 20 за српски јазик.
Во првото пријавување, според МОН, електронски аплицирале 15.075 ученици, а биле запишани 13.397, остануваат слободни вкупно 11.882 места
The post Слободни се 11.882 места за вториот упис за ученици средношколци appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



