СДСМ: Две години влада на Мицкоски, резултатот од исполнетите ветувања е нула

Од СДСМ велат дека две години откако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт, ветувањата дадени на граѓаните останаа само празни зборови.

Според СДСМ, анализата на програмата „Платформа #1198“ покажува дека по две години, до 90% од ветувањата не се исполнети.

„Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни. Ветија пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е 4,8%, двојно повеќе од просекот во Европа. Ветија повеќе странски инвестиции, а странските инвестиции се намалија за речиси две третини.“

„Ветуваа нови работни места и повисоки плати, а граѓаните се соочуваат со зголемување на сиромаштијата за 22% и намалена куповна моќ. Ветија намалување на задолжувањето и ги зголемија долговите за 2,5 милијарди евра. Ветија поддршка за земјоделците од 180 милиони евра и ги намалија субвенциите за 40 милиони евра. Намалени субвенции, намален откуп, несигурен пласман и целосен недостаток на системска грижа.“

„Ветуваа мерки за спречување на иселувањето на младите луѓе, но не направија ништо. Ветија искоренување на корупцијата и правда за сите, а јавноста е сведок на тендерски скандали вредни над 150 милиони евра, партизација на институциите, контрола на судството. Ветија напредок кон Европската Унија и реформи, а Македонија денес има блокиран европски пат. Нема реформи, нема резултати, нема напредок, има само изолација. Резултатот од исполнетите ветувања на Мицкоски е нула“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Две години влада на Мицкоски, резултатот од исполнетите ветувања е нула appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: