Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и привилегии, велат од Алијансата за Албанците

Од Алијанса за Албанците истакнуваат дека кога Таравари бара гаранции за почеток на преговорите со ЕУ, не бара функции или политички пазарења.

„Кога нашиот претседател д-р Арбен Таравари бара јасни гаранции за почеток на преговорите со Европската Унија и за гласањето на уставните измени, тој не бара функции, привилегии или политички пазарења. Тој бара сигурност за граѓаните, перспектива за младите и јасен европски пат за државата“, се истакнува во партиското соопштение.

Ова барање, како што посочуваат, јасно го истакнаа и највисоките претставници на Европската Унија.

„Уставните измени се клучниот услов за деблокирање на процесот. Но Владата, а особено ВЛЕН, кој ветуваше дека европската интеграција ќе биде приоритет, денес молчи пред блокадата и останува на власт без гаранции, без резултати и без одговорност.

Северна Македонија, некогаш меѓу првите земји во регионот со кандидатски статус, денес гледа како Црна Гора и Албанија напредуваат, додека ние остануваме заложници на политичките калкулации. Секоја изгубена година значи помалку инвестиции, понизок животен стандард и повеќе млади кои својата европска иднина ја бараат со напуштање на државата“.

Овој застој, оценуваат од Алијанса за Албанците, не е несреќа туку политички избор. „А за тој избор, некој мора да понесе одговорност“.

Пронајдете не на следниве мрежи: