Бугарско МНР: Не сме дистрибуирале дипломатска нота, информациите се однесуваат на настани што одамна поминале

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека не дистрибуирале дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на членови од семејството на премиерот Мицкоски.

– Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани што одамна поминале. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност по безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја, посочува бугарското Министерство за надворешни работи за бугарските медиуми.
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска изјави дека очекува извинување и објаснување од Бугарија за објавувањето на дипломатската нота за посетата на сопругата и синот на Мицкоски во Пампорово.

The post Бугарско МНР: Не сме дистрибуирале дипломатска нота, информациите се однесуваат на настани што одамна поминале appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: