Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ го напуштија денешното судско рочиште разочарани и револтирани што наместо одговори за трагедијата гледаат се повеќе прекини и приговори.
– Впечаток е дека постои силна борба, Обвинителството целосно да не ѝ објасни на јавноста што значат документите и што треба да покажат на начинот на кој функционирал објектот пред трагедијата. Наместо повеќе одговори за тоа кој што знаел, кој контролирал и кој имал обврски да постапува, повторно гледаме прекини, приговори и атмосфера што на моменти повеќе личи на натпревар отколку на потрага кон вистината, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица.
Родителите реагираа на барањето на одбраната за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова. За ова треба да одлучи државниот јавен обвинител Ненад Савески.
– Наташа Сарамандова е најдобра обвинителка со обвинителот Дарко и тие се нашата надеж дека вистината ќе биде откриена и дознаена и за нас родителите, и за целата јавност, за да видат кој ги уби нашите деца. Ако ја изземат обвинителката Наташа Сарамандова, јас мислам дека не треба ни да постои судење. Верувам дека државниот обвинител Ненад Савески нема да ја изземе нашата обвинителка Наташа Сарамандова и дека ние ќе имаме мотив за да бидеме присутни на рочиштата, изјави Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас.
The post Разочарани и револтни родителите на загинатите во Пулс го напуштија судското рочиште appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



