Нема конечен договор, сите опции се отворени, велат од ЗНАМ од каде очекуваат кон средината на следната недела да се финализираат разговорите за реконструкцијата на Владата.
Портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов денеска на прес-конференција рече дека внатрешната анализа што ја направила партијата покажала дека нивните функционери биле во рамки на спроведувањето на владината програма.
За тоа што бара ЗНАМ за возврат доколку го напушти Министерството за правда со кое сега раководи нивни кадар, Мемов со одговор дека биле поканети да влезат во Владата, а не барале да влезат.
– ЗНАМ во Владата влезе не заради задоволување на лични амбиции и задоволување на кадровски решенија. Ние влеговме во Владата поради остварувањето на програмските определби, цели и принципи на ЗНАМ кои што се составен дел на владината програма. Оценуваме дека во овој двегодишен мандат владината програма се спроведува со интензитет и на начин кој што сме го димензионирале на самиот
почеток при влезот во Владата, рече Мемов.
The post ЗНАМ: Нема конечен договор, сите опции се отворени appeared first on Provereno.



