И го провериле личниот багаж и веднаш ја привеле – Жена уапсена на „Табановце”

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц. (32) од Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Според информациите од МВР, на 24 јуни 2026 година, при проверка на личниот багаж на граничниот премин „Табановце“, кај пријавената била пронајдена и одземена марихуана.

По преземените мерки, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: