Левица прифаќа гласање на дијаспората по пошта ако се прифати барањето за една изборна единица

Левица е подготвена да прифати гласање на дијаспората по пошта но само доколку се прифати воведување на една изборна единица. Ова е условот на Левица што во интервју за „Слободен печат“ го обелодени претседателот на партијата Димитар Апасиев.

Предлогот на Левица се однесува на гласање по пошта за претседателските избори, како експериментален модел. Како аргумент наведуваат дека претседателските избори се единствените избори што бараат цензус на излезност, како и дека претседателот ја претставува државата во меѓународните односи, поради што, според него, постои логика дијаспората да учествува токму во изборот на шефот на државата.
Апасиев вели – доколку власта навистина сака политички компромис околу измените на Изборниот законик, тогаш компромисот треба да биде взаемен.
– Еве му фрлена ракавица. Ајде, да изгласаме една изборна единица, ние ќе се сложиме на гласање на дијаспората по пошта за претседателски избори, како експериментален модел, изјави Апасиев.
Потсетува дека Левица го покренала прашањето за една изборна единица уште на лидерската средба по Божиќ, оценувајќи дека тоа е хроничниот проблем на македонското изборно законодавство. 
Според Апасиев, актуелната дебата за гласањето на дијаспората не била дел од четиримесечните преговори за измените на Изборниот законик, туку подоцна била наметната како едно од главните прашања.

The post Левица прифаќа гласање на дијаспората по пошта ако се прифати барањето за една изборна единица appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: