Скопјанка вчераутро пријавила во полиција дека фатила непозната жена како ѝ ја краде чантата од автомобилот, по што крадливката и ја нападнала, соопшти МВР.
„На 07.07.2026 во 08:25 часот во СВР Скопје 44-годишна жена од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош, женско лице од нејзиното возило одзело чанта со паричник, документи, мобилен телефон, пари и други предмети, а потоа и физички ја нападнала пријавителката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.



