Со поглед кон таванот на обвинителна клупа седна обвинетиот за убиствата во кумановско

Со фиксиран поглед кон таванот денеска на обвинителна клупа седна 25-годишниот Трајко Бојковски кој се товари за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во кумановско.
Бојковски беше спроведен во Кривичниот суд во Куманово со полициска придружба, но тој погледот го фиксираше на таванот и воопшто не одговараше на прашањата на судијата.
Обвинителството на 19 јуни поднесе обвинителен акт против Бојковски од Старо Нагоричане за убиствата и обидите за убиства на повозрасни жени. Психијатриското вештачење покажа дека тој делата ги извршил со намера да ги задоволува своите полови страсти врз мртви женски тела. Нему му се заканува затворска казна од најмалку 10 години до доживотен затвор.
The post Со поглед кон таванот на обвинителна клупа седна обвинетиот за убиствата во кумановско appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: