Трагедија во Виетнам: Потона туристички брод со индиски туристи, 15 загинати

Туристички брод со индиски туристи се превртел во близина на островот Хон Мај Рут Нгоаи во јужниот дел на Виетнам, при што загинале најмалку 15 лица, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на локалните медиуми.

Според локалните власти, на бродот имало 32 индиски државјани и четворица членови на екипажот. Несреќата се случила на околу 400 метри од островот, откако пловилото било зафатено од силни ветрови и високи бранови.

Во спасувачката акција веднаш се вклучиле неколку туристички бродови што се наоѓале во близина. Спасувачите успеале да извлечат голем број патници кои останале заробени во превртениот брод, а 21 лице било спасено.

Надлежните продолжуваат со потрагата и сè уште го утврдуваат точниот број на загинати и преживеани.

Индиската амбасада во Виетнам ја оцени несреќата како трагична и објави список со 32 индиски државјани кои се наоѓале на бродот.

Островот Хон Мај Рут Нгоаи, кој се наоѓа во архипелагот Ан Тои во Тајландскиот Залив, е една од попознатите туристички дестинации во Виетнам и привлекува посетители од целиот свет.

Пронајдете не на следниве мрежи: