Изгласани новите министри во отсуство на опозицијата

Осумте министри што беа предложени со реконструкцијата на Владата се избрани доцна вечерва. Со 69 гласа „за“ мнозинството пратеници во македонското Собрание гласаа за предлогот на премиерот Христијан Мицкоски.

За министер за правда избран е Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати, за министер за земјоделство Борче Серафимовски, за министер за здравство Сашо Клековски, за министер за социјална политика Ѓоко Велковски, а за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Ресорот култура ќе го предводи Седат Сулејмани, а Ерџан Демир е избран за нов министер без ресор.
На чинот на гласањето му претходеше жестока дебата меѓу власта и опозицијата. Поради навреди и пцоси, опозициските пратеници, освен Левица, ја напуштија собраниската седница пред таа да заврши.
Пратеничката група на СДСМ свика вонредна прес-конференција на која информираше дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ упатил навреди кон пратениците Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески.
„Тоа претставува говор на омраза што може да роди насилство. И тоа што следеше по прекинување на седницата беше вистински напад, не само вербален од страна на кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, кој се нафрли врз двајцата пратеници, не само физички, вербално, туку и со пцости. Мислам дека тоа не доликува на кандидат за министер, кој треба ова Собрание да го избере, рече Оливер Спасовски, координатор на СДСМ.

The post Изгласани новите министри во отсуство на опозицијата appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: