Поради сообраќајна несреќа, голем застој и колони од автомобили вечерва има на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатната станица на излезот од главниот град, јавува „4њуз.мк“
Според информациите, поради несреќата, за која засега нема повеќе детали, сообраќајот се одвива крајно отежнато, а на патарината е формирана голема колона од возила.
Се повикуваат сите возачи кои се движат на оваа делница да возат крајно внимателно и полека, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат трпеливи додека целосно не се расчисти коловозот.



