Маж, на 39-годишна возраст, вчера починал откако бил искасан од рој оси во Белград, пренесува „Дневник.хр“.
Според неофицијални информации, мажот, со иницијали Н. М., бил искасан од осите во пределот на главата и на вратот. Набргу по убодите му се слошило, по што бил итно пренесен во здравствена установа.
Лекарите веднаш се обиделе да му помогнат и започнале со реанимација, но и покрај сите напори не успеале да го спасат неговиот живот.
Телото на 39-годишниот маж било предадено на Институтот за судска медицина, каде со обдукција треба да се утврди точната причина за смртта.
Засега не се познати сите околности под кои се случила трагедијата, а надлежните органи работат на расчистување на случајот.



