Серијата Меган Маркл номинирана за наградата Еми 

Серијата на Меган Маркл „Со љубов, Меган“ беше номинирана за наградата Еми.

Војвотката ја прослави својата прва телевизиска номинација за наградата Еми за нејзината серија за животен стил. Таа ја сподели среќната вест на Инстаграм во среда наутро, еден ден откако официјално беа објавени номинациите. Серијата, која се емитува на Нетфликс, е номинирана во категоријата програми за животен стил, пишува People.

„Честитки до неверојатната екипа, продуцентите и целиот тим зад „Со љубов, Меган“ на Нетфликс. Номинирани сме за Еми!“, напиша Меган Маркл.

View this post on Instagram A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Сериите „A Different Breed“, „George to the Rescue“, „The Motherhood“ и „The Wizard of Paws“ се исто така во конкуренција, а победникот ќе биде објавен на 53-тото доделување на наградите на 30 октомври.

За што е серијата?

Во серијата „Со љубов, Меган“, војвотката од Сасекс ги претставува интересите што ѝ се блиски – готвење, градинарство и организирање друштвени собири.

Познати личности како Минди Калинг, Крис Тајген и Тан Франсеа беа гости во емисијата, а се појавија и нејзиниот сопруг, принцот Хари, како и нејзината мајка Дорија Рагланд.

Серијата се најде на десеттото место на глобалната листа на гледаност на Netflix една недела по премиерата во март 2025 година, со 2,6 милиони прегледи.

Минатиот октомври, Меган Маркл зборуваше за иднината на проектот и предизвиците на продукцијата.

„Кога го гледаме тој формат – а ова беше година на учење – сфативме дека осум епизоди распоредени во две сезони се навистина голем проект. По седум години работа на серијата „Suits“, знам колку труд се вложува во создавањето телевизиска содржина“, рече таа.

Таа додаде дека публиката денес сè повеќе бара пократки формати.

„Одлично е да седнеш и да гледаш 30-минутна емисија, но како можам да ти дадам рецепт за само две минути?“, рече таа.

Иако според изворите, во моментов нема планови за трета сезона, постои можност Меган да снима специјални епизоди или други пократки проекти во иднина.
The post Серијата Меган Маркл номинирана за наградата Еми  appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: