Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека блокирањето на европскиот пат на земјата е форма на државен удар.
„Влијанието на оваа влада врз судството, независноста на судството, отвореното влијание на највисоките власти, слабите резултати во борбата против корупцијата, влијанието на „српскиот свет“ и со него влијанието на Русија во овој регион, тука на Балканот, во овој дел од Европа, се нешто што отворено се наведува во извештаите“, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за европски интеграции.
Тој рече дека како држава немаме друг извор или алтернатива, освен членството во Европската Унија.
„Се поставува прашањето дали намерното блокирање на европскиот пат не е форма на државен удар. Кога се знае што треба да се направи, кога не е отворено никакво поглавје, а четири земји-кандидатки за Европската Унија одржаа меѓувладини конференции во еден ден, Албанија и Црна Гора, потоа Молдавија и Украина, кои видовме како го решија проблемот со Унгарија по промената на власта во Унгарија. Имаше проблем со малцинството, па го надминаа со разговори и преговори.“
„Јасно е дека не одиме напред. Ние сме единствената земја која нема отворено поглавје за преговори, додека овие четири земји-кандидатки несомнено ќе бидат идни земји-членки на Европската Унија“, рече Филипче.
The post Филипче: Намерното блокирање на европскиот пат на земјата е еден вид државен удар appeared first on Во Центар.



