Времето денеска, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.
The post Сончево со мала до умерена локална облачност, во петок дожд, засилен ветер и грмежи appeared first on Во Центар.



